Morgan Zarate го редефинира дабстеп звукот
Hyperdub е една од првите етикети кои го буткаа дабстеп звукот и со секое свое издание постојано го еволуираа. Во 2012, оваа веќе легендарна етикета продолжува да го еволуира својот звук, внесувајќи поголем поп сензибилитет. Како пример за ова се одличните албуми на Cooly G и Lauren Halo, кои и покрај својата експерименталност сепак успеваат да допрат до ушите на обичните слушатели.
Последен пример за новиот „поп“ звук на Hyperdub е новиот материјал на Morgan Zarate, кој во 2010 исто така издаде EP за оваа етикета. Новиот сингл на Morgan Zarate, наречен Broken Heart Collector, e во соработка со вокалистката Stevie Neale и е класичен пример за како треба да еволуира дабстеп звукот. Погоре можете да го погледнете видео записот за оваа одлична песна.



