Jon Convex станува мелодичен со dBridge

Jon Convex, едната половина на Instra:mental, подготвува ново издание за етикетата на Martyn, 3024. Ова второ издание на Jon Convex за 3024 се состои од три траки, Lied To Be Loved, Zero и Stay и треба да излезе на 32 мај. dBridge ги позајмува своите вокали на траките Lied To Be Loved и Stay, давајќи им сензуалност која е некарактеристична за продукциите на Jon Convex. Stay е можеби најмелодичната трака што Jon Convex ја има испродуцирано до сега. Во прилог можете да слушнете го иновото издание на Jon Convex.
