Бас Инфузија е веб сајт за урбана музика кој покрива dubstep, drum and bass, uk funky, future garage и други бас ориентирани музички жанрови.

Bass Platform Photoshoot

Сигурно веќе слушнавте дека на 29-ти септември ќе се одржи првиот дабстеп фестивал во Македонија, Bass Platform. За да го помовирме овој фестивал како што му доликува, одлучивме да организираме фотосесија од која потоа ќе бидат креирани сите промо материјали. Го објавивме постерот, а сега ви ги прикажуваме и останатите фотографии од фотосесијата.

Уште еднаш, огромна благодарност до моделот Ивана, фотографите Емилија и Марјан, како и до Буба и My:time за нешто што наскоро ќе биде објавено. :) Очекувајте едно големо Bass Platform изненадување многу, многу наскоро.

За да се потсетите што се’ ќе се случува на Bass Platform, кликнете тука.

P.S. Оваа галерија оди одлично со хитот на Basscatz.

Bass Platform: Прв дабстеп фестивал во Македонија!

Bass Platform: Прв дабстеп фестивал во Македонија!

Bass Infusion и Platform, најголемата дабстеп организација од Бугарија, ви го претставуваат првиот дабстеп фестивал во Македонија, Bass Platform.

 Platform e првата дабстеп етикета во Бугарија како и најбрзо растечката промотерска куќа за електронска музика во регионот. Platform во рок од една година успеа да ја направи Бугарија епицентар на регионалната дабстеп сцена, носејќи огромен број звучни имиња од глобалната дабстеп сцена, меѓу кои: Caspa, 16 Bit, Phaeleh, Von D, Distance, Youngsta, Darkside, Balkansky и многу други. Platform се исто така одговорни за првата дабстеп компилација во Бугарија, „Platformula 1,“ како и за првиот настан во живо пренесуван на веќе легендарната GetDarker TV. Екипата на Platform Music има настапувано низ неколку балкански држави, докажувајќи ја својата класа на врвни дабстеп селектори. Во 2013, Platform ќе продолжи да го следи своето мото „Moving Forward“ и ќе биде одговорна за уште многу настани и дабстеп изданија, придонесувајќи за регионалниот развој на дабстеп сцената.

http://platform-music.org/

Basscatz (JamezBongg b2b Monk) – (сет на четири грамофони)

Monk и Jamez Bongg, познати како Basscatz, се продуцентско дуо од Бугарија, а воедно и главните луѓе зад Platform Music. Двајцата имаат солидно диџејско искуство но и цврста намера во 2012/2013 да ја освојат дабстеп сцената со својата продукција. Нивната прва трака, Mo Dub, е дел од првата дабстеп компилација од Бугарија, „Platformula 1,“ во која исто така може да се најдат песни од легендарниот Balkansky, како и од светскиот шампион во битбокс, Skiller. Basscatz моментално се актуелни на глобално ниво со нивната нова трака Moving Forward за која имаат и видео запис. Оваа трака е во соработка Ruth, една од најбараните вокалистки во Бугарија.

Во последните шест месеци, Basscatz имаат настапувано заедно со најголемите имиња од дабстеп сцената, меѓу кои: Caspa, 16Bit, Phaeleh, Von D, Distance, Youngsta, Darkside и многу други. Нивниот беспрекорен сет на четири грамофони носи длабок и мрсен звук во кој влегуваат голем број неиздадени траки и доволна енергија да ја размрда и најздрвената публика.

WeeDess

 WeeDess е една од најперспективните млади диџејки од редовите на првата дабстеп етикета во Бугарија, Platform Music.

Харизматичната диџејка успеа во рок од една година да развие одлични вештини зад грамофоните и да полни голем број клубови низ Бугарија. WeeDess во 2012 покрај тоа што го освои првото место на натпреварот по миксање „BATTLE OF SKILLS,“ исто така беше дел од GetDarker TV настанот кој се одржа во Софија. Овој настап беше во живо пренесуван низ целиот свет. Исто како и своите соборци Basscatz, WeeDess ја има делено сцената со многу звучни имиња, меѓу кои: Distance, Big Bud, Youngsta, Phaeleh и Von D.

WeeDess во наредниот период ќе се посвети на својата продукција и веќе е во подготовка на неколку траки кои треба да бидат издадени од страна на Platform Music.

https://www.facebook.com/WeeDesS
http://soundcloud.com/weedess

Bashment aka MC Pappa Rhythm

Bashment, познат и како Pappa Rhythm, е мултиталентиран музичар и еден од водечките луѓе во Platform Music. Без разлика дали е зад грамофоните, зад микрофонот, или пак продуцира музика, уникатната енергија кој тој ја шири не може никого да го остави рамнодушен. Името Bashment доаѓа од Денсхол културата, која заедно со Хип-хопот, најмногу има влијаено врз неговиот стил. Неговата песна „Здравей“, во соработка со продуцентот Grigovor, се најде на првата дабстеп компилација во Бугарија „Platformula 1“ и за кратко време стана огромен хит, тресејќи голем број клубови и давајќи на компилацијата голема популарност. Како MC Pappa Rhythm, Bashment се има докажано на голем број настапи, забавувајќи и загревајќи ја публиката. Без разлика на јазикот, публиката или клубот, MC Pappa Rhythm заедно со Basscatz може да донесат екстремни нивоа на енергија.

http://www.facebook.com/bashmentselectah
http://soundcloud.com/bashmnent

Algoriddim

Algoriddim е 22 годишен продуцент кој веќе има во подготовка два албуми, од кои едниот наскоро ќе биде издаден за Platform Music. Првиот албум го носи името „Rhythm“ и е комбинација на тврда електроника со акустични инструменти. Албумот ќе се состои од 20 песни, дел од кои се во соработка со познати и веќе докажани музичари од Бугарија. Algoriddim успешно ги комбинира тврдите звуци наменети за подиум со мелозвучните звуци на гитарата, пијаното, саксофонот и трубата. За да го добие овој уникатен звук, Algoriddim настапува со својот бенд во живо во кои членуваат: Божидар Василев (тромбон), Митко Лолев (саксофон), Ангел Дјулгров (гитара), Филип Александров (клавијатури), Теодор Иванон (тапани), Рут Колева (вокал), Филип Гаврилов (вокал) и Гергана Туријска (вокал). На Bass Platform, Algoriddim ќе се претстави со свој оригинален сет.

Mala во Куба!

Mala во Куба!

Mala, еден од највлијателните претставници на дабстеп звукот, наскоро ќе издаде албум за Brownswood Recordings, чиј концепт e комбинација на дабстеп со традиционална кубанска музика. Ова е еден од најамбициозните проекти на Mala, кој е познат по тоа што заедно со Coki се едни од најодговорните за ширење и еволуција на дабстеп звукот. Со албумот Mala in Cuba, Mala планира да продолжи со еволуција на дабстепот, носејќи го во сосема нови правци.

Giles Peterson, основачот на Brownswood Recordings, е најодговорното лице за албумот Mala in Cuba, албум кој всушност е дел од проектот Havana Cultura (доколку не знаете за компилациите Havana Cultura, мој совет е веднаш да дознаете). Peterson e иницијаторот Mala да отиде во Куба и да ја абсорбира тамошната култура и музика.

Во прилог можете да погледнете мини документарец за албумот и престојот на Mala во Куба. Погледнете го овој мини документарец за да се уверите дека ве очекува еден од најдобрите албуми оваа година. Дел од песните можат да се слушнат во позадина. Покрај документарецот, во прилог ги имате и првите две траки од Mala in Cuba.


 

Бас лудило оваа сабота во Капан Ан!

Бас лудило оваа сабота во Капан Ан!

Доколку ви се здодеани вечерите со шампањ и кавијар, вашиот парти информатор ве води на луда и незаборавна пенлива ноќ во клубот Капан Ан. Ќе се журкате заедно со Парис Хилтон, Сораја, Мики, Драш и Мартин, како и со електронските звуци што го променија светот  Бидете дел од најлудата и незаборавна ноќ во нашиот и ваш град. Сабота, Капан ан, почеток 23:45, влез 100 денари.

ЏаБест ве носи во Амстердам на музичка конференција

ЏаБест ве носи во Амстердам на музичка конференција

ЏаБест, новиот при-пејд бренд на One, лансираше BeatBox музичка веб апликација која покрај тоа што е ужасно забавна исто така ви нуди можност да освоите награди. Главната награда е патување на музичка конференција во Амстердам.

BeatBox апликацијата функционира така што ви дава да одберете различни семплови и со нивно комбинирање да креирате оригинално музичко дело. Оваа апликација можете да ја најдете на веб страната на ЏаБест. Откако ќе си ја искомпонирате песната, можете да ја споделите на веб страната на ЏаБест и да собирате лајкови. ЏаБест корисникот чија мелодија ќе освои најмногу лајкови, но и најмногу гласови од ЏаБест стручното жири патува на Amsterdam Dance Event (ADE), најголемата интернационална музичка конференција и фестивал за електронска музика кој ќе се одржи од 17 до 21 октомври во Амстердам.

Апликацијата може да се најде на веб страна на ЏаБест и е достапна за сите, но за да учествувате во наградната игра мора да бидете ЏаБест корисник.

Во осумте недели, колку што трае натпреварувањето, ЏаБест ќе ја награди креативноста на 40 свои ЏаБестери со по една маичка, а авторите на двете најдобри песни во првата и втората половина од натпреварувањето ќе освојат по еден смартфон HTC Desire C.

 

 

Shapeshifter – Monarch (Official Video)

Ново Зеланѓаните Shapeshifter се враќаат со многу опасна трака за Hospital. Да се надеваме дека ова е загревање за нов албум.